Saturday, 22 March 2014

Извадок на клетви од книгата МУДРОСТА НА ВЕКОВИТЕ од Иван Котев

Аир д' не видеш!
Акнал т’ пукнал!  (Кога некој постојано прашува А? А? А?)
Бел ден да не виде!
Беста да го фате.
В’к д’те удаве.
Гроб да немаш да се закопаш!
Д’ те јаде кељ и краста.
Клетвата била ду девето колено.
Кашта без оџак и маж без пари- огин да ја изгоре
Клетви гробишта не праат.

Иван Котев е познат собирач и познат проучувач на македонското фолклорно богатство. Роден е во село Робово, Струмичко на 14јули 1939 година  каде завршил четврто одд. Осмогодишното образование го завршува во блиското село Муртино, А во Штип го оформува своето средно образование во учителската школа ‘‘Гоце Делчев’’ во траење од пет години.

Пишува Дејан Трендов.

No comments:

Post a Comment