Земјоделските производители од селото Муртино и Куклиш, Струмичко, ги
набраа првите количества од пролетната зелка, кои стигнаа во фолиите и
во пластениците. Поради топлата зима, пролетната зелка стигна порано за
десетина дена во споредба со минатата година.
Пораната берба на пролетната зелка ги
израдува земјоделските производители и побрзаа да ги предадат во
откупните пунктови. Таму зелката се откупува за 35 денари од парче и
најверојатно, првите количества се пласираат на странските пазари, за да
се постигне поголема цена.
Лани почетните количества на зелка од овој крај се откупуваа за 40
денари од парче, а годинава, иако зелката стигна порано, почетната цена е
за 5 денари помала од парче. Земјоделците стравуваат дека доколку
трендот на паѓање на цената продолжи уште од стартот нивната мака нема
да исплати.
Нова Македонија

No comments:
Post a Comment